Линкови за пристапност

Помирувањето на врв на агендата на авганистанските разговори во Турција


Авганистан и неговите соседи се сретнаа во вторник во Истанбул да разговараат заначинитеда се помогне во стабилизирањето на земјата растргната со војни, вклучувајќи и план за помирување со Талебан.

Турција беше домаќин на разговорите со Авганистан, Пакистан, Иран, Кина и западните дипломати во подготовка на големата конференција во Лондон подоцна неделава, за иднината на Авганистан.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи сподели некои деталиод неговиот план за помирувањесо милитантите кои се расположени да го положат оружјето.

Тој план доби поддршка од западните нации кои испратија повеќе од сто илјади трупи за стабилизирање на Авганистан.

Исто така во вторник, некои хуманитарни агенции побараа радикална променаво начинотна кој се распределуваат фондови и намирници во Авганистан.
XS
SM
MD
LG