Линкови за пристапност

Интензивни напори за прехранување и згрижување на жртвите на земјотресот  во Хаити


Претседателот на Хаити Рене Превал бара уште 200 илјади шатори за засолнување на бездомните по земјотресот од 12 јануари што уби околу 200 илјади Хаиќани и уништи голем дел од главниот град.

Околу еден милион луѓе се бездомни само во Порт-о-Принс, и на многумина очајно им треба помош.Министерот за здравство Алекс Ларсон вели дека владата се обидува да релоцира околу 400 илјади жители во привремени шаторски кампови поставени надвор од разурнатиот град.

Невладини хуманитарни агенции, како и американски армиски персонал и мировници на ОН, напорно работат во доставување на очајнички потребната храна, вода и лекарства. Мировниците на ОН на една локација за дистрибуција на храна испука предупредувачки истрели во обид да ги смират прегладнетите Хаиќани.

Луис Лаки, координатор на Стејт Департмент за помош и обнова, вели дека најголемиот предизвик со кој се соочуваат хуманитарните работници е да се достави храна до оние на кои им е потребна.
Светската програма за храна во понеделникот апелираше до армиите во светот да придонесат со оброци за жртвите на земјотресот.

Агенцијата на ОН вели дека веќе распределила 2,6 милиони оброци на близу 400 илјади луѓе.

Премиерот на Хаити, Жан-Макс Белерив, на меѓународната донаторска конференција во Монтреал, Канада, во понеделникот повика на долгорочна меѓународна определба за помош на Хаити во обновата.
XS
SM
MD
LG