Линкови за пристапност

Погубен Хемичарот Али


Ирачката влада изврши егзекуција врз озлогласениот роднина на Садам Хусеин, познат како „Хемичарот Али“ поради извршени злосторства против човештвото.
Портпаролот на ирачката влада рече дека Хасан ал Маџид беше погубен во понеделникот. Тој беше осуден на четири смртни казни со бесење од ирачките судови.
Тој беше пронајден за одговорен за наредба за напад со хемиски гас во североисточното село Халабџа во 1988-ма, во кое живеел ирачки Курди.
При нападот загинале околу 5000 Курди, што е еден од најсмртоносните напади против цивили. По нападот Ал Маџид го добил прекарот „Хемичарот Али“.
Тој добил уште две смртни казни за неговата улога на крваво згаснување на востанијата на ирачките Шииити во 1991-ва и 1999-та.

XS
SM
MD
LG