Линкови за пристапност

Три бомби го потресоа Багдад; 11 мртви


Три експлозии на бомби во хотели и други локации во главниот град на Ирак, однесоа најмалку 11 животи.

Една од бомбите експлодирала во близината на хотелот Шератон во Багдад, додека на другата цел била хотелот Бабилон. Третата експлозија се случила во центарлен Багдад.

Сите три се случиле во кус временски интервал. Официјални лица велат дека најмалку 21 лице е повредено.

Неколку координирани бомбашки напади се случија во Багдад од август наваму, при што беа убиени стотици лица. Ирачките власти изразија загриженост дека бунтовниците можеби целат на пореметување на парламентарните избори, закажани за 7-ми март.

XS
SM
MD
LG