Линкови за пристапност

Премиерот на Хаити во Канада на конференција за обнова на неговата земја


Премиерот на Хаити Жан Макс Белерив е во Канада на меѓународен состанок за планирање на обнова на Хаити, додека хуманитарните работници продолжуваат со борбата за доставување на неопходната храна, вода и медицински намирници откако силен земјотрес пред две недели ја погоди оваа карипска нација.

Канадскиот премиер Стивен Харпер е домаќин на средбата во Монтреал.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон и шефовите за дипломатии на повеќе од десетина држави, како и претставници од невладини организации учествуваат на средбата.

Владата на Хаити објави дека бројот на загинати од силниот земјотрес од 12-ти јануари се искачи на 150.000 лица. Официјални лица велат дека тука не се вклучени и жртвите од околината на главниот град.

Меѓународните хуманитарни организации јавија дека привремено поставиле шатори во главниот град Порт-о-Принс и Легане, град јужно од мотрополата, каде ќе бидат сместени оние кои останале бездомни.

Меѓународната организација за миграции во неделата соопшти дека во Хаити има потреба од 100.000 шатори за околу 500.000 луѓе.

XS
SM
MD
LG