Линкови за пристапност

Етиопски авион се урна со 90 лица на него


Официјални лица на либанската авијација велат дека етиопски авион со 90 лица на него се урнал во Медитеранот кусо време по полетувањето од Бејрут при лошо време.

Етиопиан Ерлајнс кажа дека 82 патници и осум членови на екипажот биле во авионот од типот Боинг 737 кога исчезнал од радарите само неколку минути по полетувањето од меѓународниот аеродром во Бејрут.

Сведоци велат дека дека забележале огнена топка како се урнала во морето. Авионот сообраќал на релација од Бејрут до главниот град на Етиопија, Адис Абеба.

Либанскиот претседател Микел Сулејман рече дека нема индикации дека се работи за терористички акт. Официјални лица посочуваат на невремето како причина за несреќата.

Официјални лица велат дека 51 од патниците се од либанска националност, а најмалку 23-ца се од Етиопија.
XS
SM
MD
LG