Една година по историската инаугурација на првиот претседател афро-Американец и неговото ветување за промени, мнозинството граѓани анкетирани по случаен избор, сметаат дека најголем предизвик за Барак Обама ќе биде високата стапка на невработеност.
Некои не се задоволни од досегашните владини иницијативи: „Може многу да се подобри ситуацијата со намалување на невработеноста – преку насочување на владините стимулативни пакети кон попродуктивни дејности за разлика од минатата година“, ни кажа еден граѓанин.
За многумина, клучот за заживување на економијата лежи во малите бизниси: „Економијата во САД зависи од малите бизниси. Мора да има ефикасна политика што ќе го поттикне производствениот сектор. Банките не даваат заеми како порано. Мора да уследи план, што не само што ќе го поттикне финасискиот систем, туку и ќе ги стимулира малите бизниси“, вели друг.
Еден жител на Вашингтон смета дека Обама реално посигнал колку што можел, со оглед на ситуацијата што ја наследил: „Општо земено, економијата е на вистинската патека и ќе продолжи да се развива по тешкиот период изминативе години. Обама во првата година од мандатот постави добри цели и е подготвен да продолжи да работи“, кажа тој.
И конечно, има и такви кои не го кријат задоволството од работата на претседателот изминатава година: „Мислам дека тој еден од најдобрите претседатели кои сме ги имале досега и сметам дека економијата се движи во вистинска насока“, ни рече една анкетирана жителка на Вашингтон.