Линкови за пристапност

Американците со најсилни предрасуди спрема Муслиманите


Според ново истражување на јавно мислење направено од Центарот Галуп за муслимански студии, Американците повеќе од два пати се повеќе склони на негативни чувства кон Муслиманите отколку што се спрема Христијаните, Евреите или Будистите. Истражувањето најде дека повеќе од 40 проценти од Американците велат дека имаат барем малку предрасуди спрема Муслиманите, со помалку од 20 кои се изјасниле дека имаат такви чувства спрема другите вери.
Далија Могахед, директор на Центарот, вели дека истражувањето открило изненадувачки тренд:
„Мислам дека конвенционална мудрост е дека луѓето што се длабоко религиозни, кои повеќе практикуваат религија, се понетолерантни спрема другите луѓе, особено кон оние од други вери. Ние најдовме дека тоа воопшто не е случај, туку токму спротивното“, вели Могахед..

Луѓето кои рекле дека посетуваат верски служби од каков било вид повеќе од еднаш неделно, два пати поверојатно е дека нема да изразат предрасуди спрема Муслиманите.

Иако мнозинството анкетирани Американци кажале дека имаат негативно гледање на Исламот, Могахед вели дека истражувањето покажало напредок во однос на претходни вакви истражувања. Таа исто така забележува дека и други неодамнешни истражувања покажале дека нациите со мнозинско муслиманско население започнале да изразуваат попозитивни чувства кон САД. Могахед вели дека дека напорите на претседателот Барак Обама за подобрување на разбирањето меѓу Американците и Муслиманите во светот најверојатно ја подобриле меѓукултурната толеранција.

XS
SM
MD
LG