Линкови за пристапност

Марадона ги поздрави подготовките за Светското првенство во фудбал


Првиот човек на селекцијата на Аргентина Диего Марадона им честиташе на оние кои работеле на изградбата на стадионите во Јужна Африка, истакнувајќи дека завршиле одлична работа.

Марадона, кој се смета за еден од најдобрите фудбалери изминатите години, ги отфрли стравувањата за безбедносните грижи за време на обиколката на фудбалскиот стадион до близина на Совето, недалеку од Јоханесбург.

Тој кажа дека се` е можно во светот, но минал една недела во Јужна Африка и се уверил дека жителите се пријателски расположени. Тој рече дека не се сомнева оти претстојното Светско првенство ќе биде извонредно и нема да има проблеми со безбедноста.

Стравувањата за безбедноста се зголемија откако некои медиуми јавија дека можно е терористички групи да целат на јужноафрикански поставки за време на Светското првенство.

Ова уследи по нападот на националната селекција на Того пред две недели додека патуваше на натпревар на Африканскиот куп во Ангола. Два члена од селекцијата беа убиени, а еден сериозно повреден.

Марадона, кој посети сиромашни квартови во неколку градови, вели дека со свои очи се уверил дека Јужна Африка е безбедна земја. Тој изрази надеж дека Фудбалскиот град е домаќин на отварањето и финалните натпревари од едномесечниот Мундијал кој почнува на 11-ти јуни.

Јужна Африка потроши близу две милијарди долари за изградба на пет нови стадиони и реновирање на уште пет.
Фудбалскиот град ги привршува последните градежни активности. Градежниците уверуваат дека тоа ќе биде сторено за неколку недели.

Последниот стадион во источниот град Нилспрут, ќе биде пуштен во употреба штом заврши средувањето на теренот.
Светското првенство во фудбал во Јужна Африка се очекува да креира стотици илјади работни места и да ја помогне домашната економија со милијарди долари приход.

XS
SM
MD
LG