Врховниот суд на САД го укина долгогодишното ограничување за корпорациите да финансираат американски политички кампањи.
Со пет спрема шест гласови Судот ја преиначи одлуката што важеше со децении, која велеше дека владата може да им забрани на корпорациите да употребуваат свои пари за плаќање на кампањски реклами.
Мислењето на конзервативното мнозинство го напиша судијата Ентони Кенеди, кое вели дека стариот закон за финансирање на кампања го крши уставот и правото на слободен говор.
Одлуката се очекува да се примени и на финансирањето на кампањи од страна на трудовите синдикати.
Подржувачите на ограничувањето на финансирањето велат дека укинувањето на рестрикциите ќе води до поплава на корпорациски и синдикални пари во федерални политички кампањи уште на ноемвриските конгресни избори.
Белата куќа вели дека одлуката на Врховниот суд на лобистите во Вашингтон им дава повеќе моќи и го намалува влијанието на Американците кои даваат мали прилози за поддршка на кандидатите што ги преферираат.
Претседателот во писмена изјава кажа дека ќе разговара со лидерите на двете партии во Конгресот за развивање на „силен одговор" по оваа одлука.