Линкови за пристапност

Бил Клинтон на чело на програма на ОН за вработувањени на Хаиќаните


Генералниот секретар на Он Бан Ки-мун го ангажираше поранешниот американски претседател Бил Клинтон да раководи со програмата „пари во готово за работа“ за обнова на економијата на Хаити, тешко погодена од земјотресот.

Бан ова го најави по средбата со Клинтон, кој веќе служи како специјален пратеник на ОН за Хаити. Обајцата неодамна ја посетија сиромашната карипска земја за да извршат проценка на хуманитарните напори.

Програмата овозможува вработување на Хаиќаните за основните потреби на обновата, како расчистување на урнатините. Луѓето би добивале 5 долари дневно за работата. Месечната заработувачката пресметана врз основа на просекот од 20 работни дена изнесува 100 долари, што е мошне пристојна плата за економските услови во земјата.

Клинтон изјави дека веќе работел на развојни проекти во Хаити пред земјотресот и дека новопредложената пргама е логичниот нареден чекор.

ОН од земјите-членки побараа вкупно над 550 милиони итна помош за Хаити за периодот од наредните шест месеци, но тој износ најверојатно ќе нарасне и трошоците за обновата посекако ќе бидат поголеми.

Во понеделник, министри од голем број земји ќе учествуваат на конфенција за Хаити што ќе се одржи во Монтреал, Канада. Американската државна секретарка Хилари Клинтон е меѓу учесниците. Нејзиниот сопруг Бил Клинтон и поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, пак, заедно раководат со приватна иницијатива за собирање средства за помош и обнова на Хаити.

XS
SM
MD
LG