Пакистански официјални лица велат дека безбедносните сили убиле тројца осомничени милитанти во Северен Вазиристан – регион во кој САД ја повикаа земјата да лансира офанзива против Талебан и милитантите поврзани со Ал-Каида.
Разузнавачки лица велат дека безбедносните сили убиле тројца осомничени за време на операцијата на „потрага и отстранување пречки“ во близина на Миран Шах, главен град во северен Вазиристан. Официјални лица велат дека четврто лице, осомничен милитант, е повреден, а двајца се приведени во операцијата.
Пакистан почна воени операции против милитантите во Јужен Вазиристан во октомври. САД сакаат Пакистан да ја прошири офанзивата и во северниот дел долж границата со Авганистан. Талебан во Авганистан и милитантите со врски со Ал-Каида го користат северен Вазиристан за напади врз Авганистан.
Сепак, пакистанскиот армиски портпарол, генералот Атар Абас на гостинот од САД, секретарот за одбрана Роберт Гејтс дека Пакистан нема да ја прошири офанзивата против милитантите во северот за уште најмалку шест месеци.