Владата на Хаити ќе релоцира околу 400.000 жители погодени од минатонеделниот земјотрес во нови населби што ќе бидат подигнати во близина на разурнатиот главен град Порт-о-Пренс. Транспортот ќе го обезбедат властите кои сакаат да започнат со релоцирањето што е можно поскоро. Според проценките, земјотресот од седум степени оставил 1,5 милиони жители без покрив над главата, кои со денови се на отворено, во преполни кампови со минимални или воопшто без санитарни услови.
Американската армија четвртокот го отвори тешко оштетеното пристаниште во главниот град, што ќе помогне во доставата на помош. Генералот Даглас Фрејзер, кој е на чело на Американската јужна комада, кажа дека пристаништето ќе може да прима 150-тина контејнери помош дневно. Се очекува капацитетот во петок да нарасне на нај алку 250, кога ќе пристигне цивилен брод со пратки.
Урнатините на пристаништето, отсечените патишта и преоптовареноста на оштетениот главен аеродром во Порт-о-Пренс ја отежнаа доставата на помош.