Линкови за пристапност

Хаиќаите кои се обидуваат илегално да влезат во САД - ќе бидат вратени


Американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека секој Хаиќанец кој ќе се обиде да стаса до САД без документи ќе биде пресретнат и вратен дома.

Таа зборуваше во Вашингтон во време кога се подготвуваше за средба со висок официјален претставник од ЕУ.

Од минатонеделниот опустошувачки земјотрес во Хаити, САД им дадоа привремен статус на згрижени лица кои веќе беа илегално во земјата. Во сите други случаи, Клинтон рече дека во сила ќе важат сите постоечки имиграциони закони.

Таа додаде дека САД ќе продолжат со целосна поддршка на напорите за доставување хуманитарни намирници за преживеаните од земјотресот во Хаити.

XS
SM
MD
LG