Линкови за пристапност

Обама: САД имаа преголеми очекувања за блискоисточниот процес


Американскиот претседател Барак Обама вели дека неговата влада ја преценила својата способност да ги убеди Палестинците и Израелците да ги обноват мировните разговори.

Во интервју за магазинот Тајм, Обама рече дека да се натераат Израелците и Палестинците да преговараат е „навистина тешко“. Американската влада ќе немаше преголеми очекувања доколку ги предввиде внатрешните политички проблеми што постојат кај двете страни, коментираше американскиот претседател. Тој оцени дека Израел тешко истапува со смели гестови, а палестинскиот претседател Махмуд Абас има проблеми поради тоа што дел од власта приграби милитантната група Хамас.

Хамас повика на уништување на Израел.

Оценките на Обама доаѓаат една година дојде на власт откако ја презеде власта и во време кога специјалниот пратеник за Блискиот исток Џорџ Мичел се наоѓа во Израел, во обид да ги заживее израелско-палестинските мировни преговори.

XS
SM
MD
LG