Линкови за пристапност

Клинтон ги критикуваше Кина, Иран и други за цензурирање на Интернет


Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја критикуваше Кина, Иран и други земји за ограничување на слободата на луѓето да изразат идеи преку Интернет.

Клинтон во Вашингтон рече дека слободата повеќе не се дефинира единствено со тоа дали може граѓаните може да протестираат против владата на плоштад, без да стравуваат од одмазда. Текст-пораките, блоговите и електронската пошта отворија нови форуми за размена на идеи и станаа нови цели на цензура, кажа Клинтон.

Земјите или поединците вклучени во кибернетски напади треба да се соочат со последици и меѓународна осуда, порача државната секретарка. Таа особено ја критикуваше цензурата на Интернет во Кина, Иран, Тунис, Узбекистан, Египет и Виетнам.

Првиот американски дипломат ги поздрави „граѓаните – новинари“, оние кои разменија фотографии и видео-материјал преку Интернет од опозиционите протести за кои не беше известувано во медиумите под државна контрола. За снимката од мобилен телефон на која се гледа убиството на млада Иранка за време на минатогодишните протести, што потоа се рашири насекаде низ светот, Клинтон рече дека претставува „дигитално обвинение“ за бруталноста на владата во Техеран.

XS
SM
MD
LG