Линкови за пристапност

Во првата година – Авганистан диминантна  надворешнополитичка тема на Обама


Од самиот почеток, Обама и државната секретарка Хилари Клинтон ветуваа помирувачка надворешна политика.

Зборувајќи веднаш по номинирањето, Клинтон вака ја објасни разликата со надворешната политика на претседателот Џорџ Буш: „Знаеме дека нашата безбедност, вредности и интереси не може да бидат заштитени и унапредени само со сила. Ниту, пак, само од Американците. Мора да водиме жива дипломатија со сите средства за да изградиме иднина со повеќе партнери и помалку непријатели."

Така, Ричард Холбрук ја доби функцијата специјален претставник за Пакистан и Авганистан.

Поранешниот лидер на сенатското мнозинство Џорџ Мичел стана специјален пратеник за израелско-палестинскиот конфликт.

Администрацијата стана полноправен учесник за прв пат во контакти на големите сили со Иран, а Стивен Босфорт беше испратен во Северна Кореја да се обиде да ги рестартира разговорите за растурање на нуклеарната програма на државата. Но со ниедна од овие земји нема видлив напредок.

Помошникот државен секретар Курт Кембел ја посети Бурма да влијае на пуштање на демократскиот лидер Ен Сан Су Чи, но таа се уште е во домашен притвор.

Невозвраќањето на подадената рака на политиката на Обама предизвика критика од конзервативците кои го обвинуваат претседателот за – наивност.

Со одлуката да испрати повеќе трупи во Авганистан, Обама алиенираше некои од поддржувачите кои на Обама гледаа како на противник на војната во Ирак.

Претседателот одговори на критиките во обраќањето на Воената академија во Вест поинт:

Тој рече дека како врховен командант утврдил дека витален национален интерес за САД е да испратат дополнителни 30,000 американски трупи во Авганистан и вети дека по 18 месеци трупите ќе почнат да се враќаат дома.

Инволвираноста на Обама во областа на климатските промени, исто така не донесе резултат – конференцијата во Копенхаген не продуцираше договор.

Но многу аналитичари му даваат кредит на претседателот што се зафатил со тешки прашања.

XS
SM
MD
LG