Линкови за пристапност

САД и ЕУ дискутираат за аеродромското обезбедување


Американската секретарка за домашна безбедност Џенет Наполитано во четврток се среќава со министрите за внатрешни работи на ЕУ во Шпанија, со кои разговара за начините да се подобри и зајакне безбедноста на аеродромите. Наполитано се очекува да се обиде да собере поддршка за инсталирање на скенери за целото тело на европските аеродроми.

Неколку членки на ЕУ изразија загриженост за приватноста и ризици по здравјето што ги носат скенерите.

Средбата доаѓа неколку недели по неуспешниот заговор за бомбашки напад на американски авион на католички Божиќ.

Шпанија, што го држи ротационото претседателство на ЕУ, вели дека од оваа средба не се очекува одлука по прашањето.

XS
SM
MD
LG