Линкови за пристапност

Гејтс во посета на Пакистан


За време на денешната посета на шефот на американската одбрана на Пакистан, пакистанската армија кажа дека нема да ја прошири офанзивата против милитантите во северозападните племенски области за шест месеци до една година.

Армискиот портпарол, генералот Атар Абас, рече дека на Пакистан му треба повеќе време да ги стабилизира постигнатите придобивки.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс го посети Исламабад за дискусија по прашањето дали Пакистан ќе ја прошири сегашната кампања и зад талебанските упоришта во јужен Вазиристан.

САД сакаат Пакистан да лансира офанзива во Северен Вазиристан долж границата со Авганистан. Авганистански Талебан и милитанти поврзани со Ал-Каида ја користат областа како база за лансирање напади во Авганистан.

Во денешниот број на пакистанскиот весник „Вести" секретарот Гејтс има напис во кој вели дека рече дека правење разлика меѓу пакистански Талебан и нивните авганистански сојузници е контрапродуктивно. Тој рече дека Пакистан треба да изврши притисок врз Талебан од двете страни на пакистанско-авганистанската граница.

XS
SM
MD
LG