Хјуман Рајтс Воч вели дека бранителите на човековите права се соочиле со силен отпор минатата година во држави со репутација на угнетување.
Во својот 20-ти годишен извештај за практикувањето на човекови права во светот, групата вели дека 2009 била година кога активистите во светот биле прогонувани, приведувани и понекогаш убивани.
Извршниот директор Кенет Рот вели дека на нападите може да се гледа како на „перверзен прилог" кон движењето за човекови права, додавајќи дека угнетувачките влади реагирале на растечката способност на активистите да вршат притисок во интерес на жртвите.
Извештајот вели дека нападите на мониторите на човекови права не се ограничени на авторитарните влади како Бурма и Кина. Извештајот вели дека држави со избрани влади соочени со вооружено бунтовништво исто така искусиле нагло зголемување на вооружени напади на работници за човекови права.