Линкови за пристапност

Убиецот на осум лица во Вирџинија се предаде на полицијата


Полицијата вели дека вооруженото лице што застрелало осум лица во рурален дел на југоисточната америкаска држава самиот се предал на властите.

Напаѓачот е идентификуван како 39-годишниот Кристофер Спејгт, кој наводносе предал без инциденти.

Тој беше предмет на интензивна потера во пошумена област во близина на градот Апоматокс во централна Вирџинија, на околу 240 километри јужно од Вашингтон.

Осум жртви се пронајдени мртви во мала куќа во близина на градот. Полицијата кажа дека меѓу нив има мажи и жени.

Убиствата беа откриени откако младо лице било пронајдено застрелано на рурален пат, во вторникот.

XS
SM
MD
LG