Линкови за пристапност

Републиканците го освоија испразнетото место од демократот Тед Кенеди


Како запрепастувачки удар за демократите, републиканецот Скот Браун победи на вонредните избори за местото во сенатот на САД што беше испразнето по смртта на демократот Тед Кенеди.

Неговата победа го менува односот на политичките сили со што Браун е 41-от Републиканец во 100-члениот сенат. Тоа и` овозможува на малцинската партија да користи законските процедурални техники за одолговлекување на гласање по документи за кои има поделени мислења, како што е реформата на здравственото осигурување.

Сега е под прашање реформата за здравствената заштита на претседателот Обама, зашто Браун во кампањата се изјасни против неа.

Обама му честиташе на Браун и кажа дека ќе соработува со него за решавање на проблемите со кои соочуваат семејствата ширум земјата.

Браун ја порази Марта Кокли, демократ, која е главен правобранител на Масачусетс, со 52 спроти 47 проценти од гласовите.

XS
SM
MD
LG