Линкови за пристапност

Карзаи нареди безбедносна ревизија во Кабул


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи нареди разгледување на безбедносните услови во Кабул еден ден откако при напад од Талебан загинаа најмалку пет лица, а беа повредени 70.

Карзаи нареди разгледување на ситуацијата по средбата со владини министри и безбедносни официјални лица со кои разговараше за нападот.

Авганистанските безбедносни сили се наоѓаат во состојба на зголемена претпазливост. Има зајакнати безбедносни мерки во Кабул, со проверки на возилата при влез во градот.

Заменикот-шеф на полицијата Мохамад Калил Дастиар изјави дека има зголемување на бројот на војници на безбедносните пунктови во градот, заедно со полицајците кои патролираат пешки или со бозила.

Шефот на разузнавањето на Авганистан Амрула Салех рече дека седум напаѓачи носеле автоматско оружје и самоубиствени појаси за време на утринските сообраќајни метежи, со што испровоцирале улични престрелки со полицијата.

Најмалку тројца припадници на безбедносните сили и едно дете се меѓу загинатите по вчерашниот инцидент.

Истрагата покажа дека седум напаѓачи се убиени во престрелката со безбедносните сили.

XS
SM
MD
LG