Во Охрид, македонскиот духовен центар и прва туристичка дестинација, голем број жители и гости го проследија спектаклот за верскиот христијански празник Богојављение - Водици.
Од бродот „Македонија“ во осветените води на Охридското Езеро крстот пред насобраните капачи го фрли владиката дебарско - кически Тимотеј.
30-годишниот Јован Рилкоски од населбата Варош во Охрид успеа по четврти пат да го фати чесниот крст и ја запеа „Во Јордание“.
„Ова ми е четврти пат како го фаќам крстот во Охрид. Од деца живееме за овој ден. Крстот го фатив во 1994, 1996, 2002 и сега. Не сум имал поголема радост во животот. Секогаш кога го фаќам крстот ме следи здравје, среќа и бериќет, мене и моето семејство" кажа Рилкоски.
На овогодинешнатата манифестација присуствуваа околу 15.000 посетители, а околу 600 верници скокнаа по осветениот крст.