Кога Барак Обама даде заклетва на функцијата, берзите беа во слободно паѓање. Американската економија губеше по 600 илјади работни места месечно. Обама тогаш кажа дека предизвиците се реални и дека нема да биде лесно да се надминат, но дека тоа ќе биде сторено.
До
времето кога тој стана 44-от претседател, рецесијата однесе над три милиони
работни места. За една година, таа цифра се удвои.
Автоиндустријата пропаѓаше,
банките тешко даваа кредити, а Американците ги губеа домовите со рекордно темпо. За работите да бидат уште
полоши, потрошувачите, како главен двигател на економијата, престанаа да трошат.
Да го запре колапсот, администрацијата пристапи кон контроверзен план за спасување на банки кои се сметаа за премногу големи да пропаднат.
Федералните
резерви ги намалија каматните стапки за
да поттикнат земање кредити. Конгресот одобри 800 милијарди долари стимулативна
програма за стабилизирање на
финансискиот систем и поттикнување на создавањето
работни места.
Вол
Стрит рефлектираше зголемена доверба, завршувајќи ја годината со најголема
добивка од 2003.
Спасените
банки дојдоа до профит и вратија милијарди
долари земени на заем, што резултираше во рекордни 46 милијарди
долари добивка за Федералните резерви.
Но, по која цена?
За една година откако Обама
дојде на власт, невработеноста е
двоцифрена бројка и националниот дефицит
достигна рекордни 1,4 трилиони долари.
Некои
конзервативни политички аналитичари на Обама му даваат одвај преодна оценка за
потрошувачката политика.