Линкови за пристапност

Богатите држави брзо реагираат во ослободување на Хаити од долгот


Група држави кои даваат заеми на други нации ги повикаа членовите да го забрзаат процесот на отпишување на долгот на Хаити.

Парискиот клуб во вторник ги поттикна своите членови да го завршат процесот започнат минатата година, земајќи ги предвид финансиските потреби со кои Хаити ќе се соочи при обнова на земјата.

Членовите на неформалната група на богати нации минатиот јули се согласија да го отпишат целиот долг на Хаити, од 214 милиони долари.

Хаити им должи пари на САД, Британија, Франција, Германија и Шпанија меѓу другите.

Парискиот клуб исто така ги поттикна државите кои не припаѓаат на групата да го отпишат долгот на Хаити. Една од тие држави, Тајван, веќе се огласи дека – работи на тоа.

XS
SM
MD
LG