Линкови за пристапност

Роберт Гејтс повика на поблиска армиска соработка со Индија


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вторникот повика на поблиска армиска соработка со Индија во обид да се донесе стабилност во Јужна Азија.

Посетата на Гејтс на Њу Делхи е прва средба на високо ниво по посетата на индискиот премиер Манмохан Синг на Белата куќа во ноември. Гејтс во наредните два дена ќе се сретне со премиерот Синг и министрите за надворешни работи и одбрана.

Во коментар објавен во денешното издание на „Тајмс оф Индија“ Гејтс подвлекува дека Индија и САД треба да се заложат за уште поголема соработка во спротиставувањето на новите безбедносни закани. Мирот и безбедноста во Јужна Азија се клучни не само за регионот, туку и за целата меѓународна заедница, пишува Гејтс.

XS
SM
MD
LG