Линкови за пристапност

Тесна трка за сенатското место од Масачусетс


Гласачите во североисточната американска сојузна држава Масачусетс избираат нов сенатор во тесна трка што може да има влијание врз натамошната агенда на претседателот Барак Обама.

Демократот Марта Кокли, главен правобранител на Масачусетс, има голем противник во републиканецот – член на Сенатот на Масачусетс Скот Браун, на вонредните избори за местото во Сенатот на САД што остана празно по починувањето на демократот Тед Кенеди.

Победата на Браун би ги чинела демократите губење на 60-членото супер-мнозинство во Сенатот и би можело да ги спречи да ја надгласуваат тактиката на републиканците да ги користат законските процедури за да одолговлекуваат во однос на легислативи за кои има поделени мислења, како реформата за здравствената заштита, на пример.

Обете кандидати синоќа направија последен обид да ја придобијат гласачката доверба. Кокли претстави видео-спот, во кој претседателот Барак Обама ги предупредува гласачите дека неговите главни иницијативи на функцијата ќе бидат загрозени доколку демократите го загубат сенатското место.

XS
SM
MD
LG