Линкови за пристапност

Обама на кампања во Масачусетс за демократскиот сенатски кандидат


Американскиот претседател Барак Обама во неделата се појави на кампања во северозападната сојузна држава Масачусетс како поддршка за Марта Кокли, која се бори за место во сенатот испразнето по смртта на Едвард Кенеди.

Последните истражувања на јавно мислење индицираат дека за демократскиот генерален правобранител на државата не ќе биде лесно да ги добие изборите во вторник и покрај тоа што се кандидира во една од најдемократските сојузни држави во САД.

Победата на републиканскиот државен сенатор Скот Браун би ги чинело демократите супер-мнозинство од 60 места во американскиот сенат, што би значело дека тие не би можеле да ги надгласаат тактиките на одлагање на републиканците, особено по легислативата за здравствена реформа.

Обама при појавувањето кажа дека изборите во Масачусетс ќе решат дали земјата ќе оди напред или назад.
XS
SM
MD
LG