Научно-фантастичниот филм „Аватар“ доби награда за најдобра драма, а „Хенговер“ беше именуван за најдобра комедија на доделување на наградите Златен глобус неделата навечер во Лос Анџелес.
Џејмс Камерон доби награда за режија за „Аватар“.
Наградата за најдобар актер во драма појде кај Џеф Бриџис за портретирањето на ислужен кантри пејач во „Крејзи харт“.
Актерката Сандра Булок го доби својот прв Златен глобус за водечката улога во драмата „Блајнд сајд“.
Во категоријата најдобар актер во комедија или мјузикл победи Роберт Дауни Џуниор како познатиот детектив во „Шерлок Холмс“.
Мерил Стрип стана најдобра актерка во мјузикл или комедија, за портретирање на познатата готвачка и ТВ-личност Џулија Чајлд во „Џули енд Џулија“.
Актерката позната само по првото име - Моник доби Златен глобус за споредна улога како мајка на социјална помош која го малтретира своето дете во „Прешс“, додека Кристоф Валц за споредна улога во „Инглориас бастардс“.
Наградата Златен глобус ја доделува Здружението на странски новинари во Холивуд, за филмски и ТВ-остварувања и се смета за втора најпрестижна, веднаш по Оскарот.