Линкови за пристапност

Напредува доставата за помош, но расте и фрустрацијата меѓу Хаиќаните


Хуманитарни работници во Хаити јавуваат дека помошта започнала да ја менува ситуацијата, но во главниот град Порт-о-Пренс расте фрустрацијата, каде жителите велат дека има недостиг на храна, вода и владина контрола.

Според официјални лица, ширум градот никнуваат теренски болници и се доставува помош, додека истовремено расте бројот на летови на аердромот.

Светската програма за храна планира да дистрибуира оброци за 95.000 во главниот град. Но, Хаиќаните, кои минаа денови без храна, велат дека тоа ни од далеку не е доволно.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун вети дека ќе ја забрза доставата на помош. Тој во понеделник ќе го брифира Советот за безбедност за ситуацијата на теренот.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон патува за Хаити за да достави помош и да се сретне со претседателот Рене Привал.

Хаиќаните се жалат дека Привал во најголем дел е отсутен по силниот земјотрес што ја погоди земјата минатата недела.

Десетици илјади тела се погребани во масовни гробници.
Споре официјални лица, загинале приближно 200.000.

XS
SM
MD
LG