Европската унија понуди 575 милиони долари помош за Хаваи за опоравување од минатонеделниот земјотрес.
Шефот за надворешни работи на Унијата Кетрин Ештон го најави пакетот-помош по вонредната средба во Брисел. Таа соопшти и дека ќе се одржи меѓународна конференција за помош на Хаити, предложена од Франција, но кажа дека се` уште не се одредени датумот и местото.
Европската помош е најновата во редицата донации за Хаити, дел од најголемиот глобален хуманитарен напор по оној за азиското цунами во 2004-та.
Официјални лица во Хаити наведуваат дека во земјотресот на 12-ти јануари загинале 200.000 луѓе, а стотици илјади лица се без храна и покрив над глава.
Преживеаните живеат меѓу купишта ѓубре и расте незадоволството поради бавната достава на храна и вода.