Линкови за пристапност

САД го празнуваат Денот на Мартин Лутер Кинг


Американскиот претседател Барак Обама го одбележува Денот на убиениот лидер за човекови права Мартин Лутер Кинг со настан во Белата куќа и говор на концерт во Вашингтон. Претседателот понеделникот попладне ќе се сретне со мала група постари афро-Американци и нивни внуци, на која ќе разговара за движењето за граѓанските права. Подоцна ќе се обрати на концерт посветен на влијанието на Кинг.

Во неделата, Обама говореше за делото на Кинг во историска афро-американска црква во главниот град. Тој се осврна на својата функција во контекст на празникот и истакна дека иако е првиот афро-Америнец избран за претседател, земјата допрва треба да влезе во „пост-расна“ фаза. Кинг говорел во истата црква во 1968-ма.

Мартин Лутер Кинг џуниор - свештеникот од Монтгомери, сојузната држава Алабама, се бореше против дискриминацијата на крајот од 1950-тите и почетокот од 60-тите. Тој стана познат откако застана на чело на успешен протест против сегрегација во јавниот автобуски превоз во Монтгомери.

XS
SM
MD
LG