Владите на Израел и Германија одржаа заедничка седница во Берлин посветена на безбедносни прашања, перспективата на блискоисточниот мировен процес и иранските нуклеарни амбиции.
Германската канцеларка Ангела Меркел и израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху претседаваа со еднодневниот состанок во Берлин, на кој учествуваа и израелските министри за одбрана Ехуд Барак и за надворешни работи Авигор Либерман.
Историската средба се одржа во седиштето нацистичкиот режим од времето на Втората светска војна. Во 2008-ма во Ерусалим имаше слична заедничка седница на германските и израелски владини кабинети.
Дневниот ред опфати разни прашања, како германските напори за ослободување на израелскиот војник кој е во заложништво на милитантите на Хамас во појасот Газа.
Канцеларката Меркел, германски министри и израелските гости подоцна го посетија германскиот споменик на холокаустот Штеленфелд. Израелскиот премиер Нетанјаху претстави слики на лице кое го преживеало холокаустотот.