Линкови за пристапност

Оружани напади во самиот центар на Кабул


Вооружени лица и бомбаши-самоубијци понеделникот наутро нападнале повеќе цели во главниот град на Авганистан Кабул. Напаѓачите убиле пет лица, меѓу кои и едно дете и предизвикале жестока битка со полицијата. Најмалку 38 цивили биле повредени.

Властите велат дека пет лица, за кои постои сомневање дека се припадници на Талебан, нападнале главно владини објекти во центарот на Кабул, како и луксузниот хотел Серена. Силите за безбедност неколку часа биле во престрелка со напаѓачите во трговски центар што бил во пламен.

Портпарол на Талебан подоцна презеде одговорност за нападите, тврдејќи дека учествувале 20 милитанти. Њујорк тајмс го цитираше портпаролот според кого нападите покажуваат дека Талебан не е подготвен да преговара за мир.

Властите, пак, тврдат милитантите не успеале да преземат контрола врз владините објекти. Три часа по инцидентите, претседателот Хамид Карзаи изјави дека градот е повторно под владина контрола.

Американскиот специјален пратеник за Авганистан и Пакистан Ричард Холбрук, кој само неколку часа пред инцидентот замина од Кабул во посета на Њу Делхи, ги осуди нападите како дело на „очајни“ и безмилосни“ луѓе.

Нападите се случија во исто време кога нови членови на владиниот кабинет на Карзаи даваа заклетва во Претседателската палата.

XS
SM
MD
LG