Линкови за пристапност

Спасувачките екипи во Хаити во трка со времето


Спасувачките екипи се во трка со времето во потрагата по затрупани во главниот град на Хаити Порт-о-пренс, вели генералниот секретар на ОН. Бан Ки-мун петокот рече дека спасувачките операции продолжуваат, но се намалува можноста за наоѓање на преживеани.

Претставници на Црвениот крст проценуваат дека во вторничкиот земјотрес од 7 степени загинале 45.000 до 50.000 луѓе.

Хаиќаните имаат итна потреба од храна, вода и медицински намирници. Бан Ки-мун за таа цел побара меѓународната заедница да обезбеди 550 милиони долари.

Американскиот брод - носач на авиони Карл Винсон со 19 хеликоптери пристигна на крајбрежјето на Хаити, каде ќе служи како привремен аеродром за хеликоптерите што носат спасувачки екипи и помош.

XS
SM
MD
LG