Линкови за пристапност

Рекорден профит за банкарскиот гигант Џеј Пи Морган Чејс


Втората најголема банка во САД јави за рекорден приход благодарение на зголемените провизии. Џеј Пи Морган Чејс заработила 3,3 милијарди долари во последните три месеци од минатата година, со што приходот за 2009-та нараснал на 11,7 милијарди.

Банкарскиот гигант најави дека на вработените ќе им исплати 9,3 милијари долари како плати и бонуси.
Џеј Пи Морган е прва од главните американски банки која пријави заработувачка во периодот ноември-декември.

До веста дојде само еден ден откако претседателот Обама ги критикуваше водечките банки за несекојднвените бонуси за вработените, и покрај тоа што се потпираат на големиот владин финансиски пакет за да ја преживеат финансиската криза.

Вол Стрит џурнал објави дека водечки 38 финансиски фирми во САД планираат да ги наградат своите вработени со рекордни вкупно 145 милијарди долари за 2009-та.

XS
SM
MD
LG