Линкови за пристапност

Повреден водачот на Талебан во Пакистан, тврдат разунавачки извори


Разузнавачки извори во Пакистан тврдат дека водачот на Талебан во земјата Хакимула Месуд бил повреден четвртокот во наводен американски напад со беспилотно летало. Изворите, кои бараа да останат неименувани, наведуваат дека цел на нападот бил камп за обука во регионот Јужен Вазиристан.

Од самиот Талебан доаѓаат различни информации за состојбата на Месуд. Некои извори велат дека тој бил повреден и дека прима лекарска нега. Друг извор на Талебан објави аудио-снимка на која наводно е гласот на Мехсуд, во која тој вели дека е жив и здрав. На снимката, меѓутоа не се споменува датумот кога е направена или пак нападот со беспилотно летало.

Во нападот загинале најмалку 12 наводни милитанти

Безбедносни лица велат дека во друг напад со американско беспилотно летало биле убиени петорица милитанти во племенскиот регион Северен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан.

XS
SM
MD
LG