Американскиот владин Оддел за домашна безбедност
дополнително ќе ги зајакне безбедносните мерки на аеродромите во земјата како
резултат на обидот за активирање на експлозив во американски авион на 25-ти
декември.
Секретарката за домашна безбедност Џенет Наполитано
четвртокот соопшти дека мерките вклучуваат зајакнати прегледи по случаен избор,
распоредување на дополнителено обезбедување на летовите и додавање на имиња на
терористичката листа.
Наполитано предочи патниците - особено оние од странство
кои пристигаат во САД - да планираат дополнително време за патувањето.
Според првиот човек за домашна безбедност, САД се соочени со решителен непријател.Наполитано изрази балгодарност до патниците кои пристигаат во САД и до авионската индустрија за соработката.
На 25-ти декември, токму на католички Божиќ, властите го уапсија 23-годишниот Нигериец Умар Фарук Абдулмуталаб откако наводно се обидел да активира експлозив во авион со приближно 300 патници пред слетување во Детроит.