Линкови за пристапност

Комуникациите во Хаити во прекин, Интернетот напомош


Хаиќаните и загрижени лица ширум светот се потпираат на Интернет за информации за роднините и испраќање на помош, во ситуација кога комуникациите во сиромашната карипска земја се во прекин по катастрофалниот земјотрес од вторникот.

Очајни да дознаат вести за најблиските, Хаиќаните кои живеат во странство ги користат популарните страници за дружење на Интернет како Фејсбук и Твитер. И во Хаити, многу луѓе ја користата глобалната информациона мрежа за испраќање на информации за катастрофата, или да потврдат дека се живи и здрави.

Стотици луѓе преку локални хаитски радио-станици со седиште во САД се обидуваат да дознаат вести за роднините. Редакцијата на креолски казик на Гласот на Америка, која емитува програма за Хаити, успеа да воспостави контакт со земјата користејќи кратки радио-бранови. Редакцијата воспостави и телефонска линија на која може да се остават пораки за роднините во Хаити што потоа се емитуваат на програмата.

Мобилните телефони стануваат се` почесто средство за испраќање на донации. Американскиот Црвен крст објави дека собрал речиси три милиони долари на нов начин преку кој корисниците на мобилни телефони со текстуална порака потврдуваат дека донираат по 10 долари за погодените од земјотресот.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст воспостави специјална Интернет-страница што помага при лоцирање на роднини на Хаити.

XS
SM
MD
LG