Линкови за пристапност

САД ветија целосна поддршка на Хаити


Американскиот претседател вети целосна поддршка за итна помош на Хаити како и долгорочни напори за обнова по вторничкиот катастрофален земјотрес. САД ќе сторат се` што можат да спасат животи и да помогнат Хаити повторно да застане на свои нозе, рече Барак Обама.

Разговорот за кризната ситуација со претседателот на Хаити Рене Превал петокот Обама го опиша како „емотивен“. Превал го загубил домот, а бил отсечен од остатокот од неговата влада откако во земјотресот се урнаа претседателската палата и владините министерства. САД му дадоа комуникациона опрема на Превал за да се поврзе со останатите членови од владата.

Вашингтон најави 100 милиони долари помош за обнова на земјата и испрати бродови и илјадници војници за помош во погоденото подрачје. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Пи Џеј Краули рече дека Вашигтон и други земји се обидуваат да работат со, а не да ја заменат легално избраната влада на Хаити.

Обама побара од двајцата поранешни претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш да покренат фондови за Хаити. Со обајцата ќе се сретне во сабота.

XS
SM
MD
LG