Линкови за пристапност

Хаиќани грозничаво очекуваат помош по земјотресот


Очајните Хаиќани минаа трета ноќ по ред на улиците на главниот град Порт-о-Пренс, чекајќи на ветената помош што полека започна да пристига по катастрофалниот земјотрес во вторникот.

Американскиот брод - носач на авиони Карл Винсон петокот требаше да пристигне на крајбрежјето на Хаити каде ќе служи како привремен аеродром за хеликоптерите што носат спасувачки екипи и помош.

Чевртокот полека започнаа да пристигаат авиони со војници и пратки храна и лекови од голем број земји. Летовите со помош го преполнија главниот аеродром во Порт-о-пренс.

Хуманитарни лица велат дека грабежот на храна и други намирници станува се` поголем проблем како што луѓето стануваат се` поочајни.

Претставници на Црвениот крст проценуваат дека во земјотресот со јачина од 7 степени загинале 45.000 до 50.000 луѓе, а голем број се` уште се затрупани.

Булдожери помагаат во потрагата по урнатините, но Хаиќаните во најголем број случаи се принудени сами со раце да ги спасуваат преживеаните.

Улиците на главниот град се преплавени со мртви тела кои скапуваат на тропските жештини.

XS
SM
MD
LG