Линкови за пристапност

Експлозија во јужен Ирак – 15 загинати


Безбедносни лица во Ирак велат дека во три речиси симултани експозии што го погодија јужниот град Наџаф загинале најмалку 15 лица, а биле повредени повеќе од 20.

Официјални лица велат дека експлодирал автомобил-бомба во близина на џамија, на околу 150 километри јужно од Багдад. Тие велат дека две други бомби експлодирале во Наџаф во близина на популарен пазар.

Наџаф беше релативно мирен. Во градот се наоѓа мавзолејот на Имам Али, сет и братучед на муслиманскиот пророк Мухамед.

Претходно истиот ден, ирачкиот суд осуди 11 лица на смрт за масивниот бомбашки напад со камион во Багдад минатиот август во кој загинаа над 100 лица.

Судот ги осуди за планирање и спроведување на нападите од 19-ти август врз ирачките министерства за финансии и за надворешни работи.

Нападите оставија повеќе од 500 повредени.

XS
SM
MD
LG