Линкови за пристапност

Обама бара од банките да ги вратат парите


Американскиот претседател Барак Обама ги повикува најголемите банки во земјата да преземат одговорност за нивната улога во глобалната финансиска криза и да го вратат заемот даден на финансиската индустрија во целост.

Претседателот во четврток кажа дека не е прифатливо американските даночни обврзници да губат пари кога многу банки сега известуваат за големи профити и на директорите им даваат незамисливи бонуси.

Тој рече дека многу од фирмите не би преживеале без владина помош.

Обама предлага „давачка за одговорност за финансиската криза“ за околу 50 од најголемите банки во државата, вклучувајќи некои што не добија помош од владата во кризата.

Тој кажа дека тоа ќе донесе над 90 милијарди долари во текот на наредните 10 години и дека ќе биде во сила додека не се исплати целата сума пари дадена за спасување на банките.

XS
SM
MD
LG