Европската централна банка предупреди на неизвесно економско опоравување за државите кои користат евро-валута.
Банката во четврток кажа дека ќе ги задржи каматните стапки на историски ниско ниво од еден процент, како дел од продолжителните напори за поттикнување на позајмувањето на бизниси и потрошувачи, како и за помагање на економскиот развој во регионот.
Претседателот на банката Жан Клод Трише вели дека очекува
евро-регионот да види скромен развој годинава, но дека подобрувањето нема да
биде рамномерно.
Некои европски држави и компании се исто така загрижени за темпото на опоравување.