Линкови за пристапност

ОН го обвинија Талебан за рекордниот број цивилни жртви


ОН јавија дека цифрата на цивилни жртви од војната во Авганистан е најголема од почетокот на конфликтот во 2001-ва.

Во објавениот извештај во средата, истражителите на ОН јавија дека цивилни жртви од напади на Талебан и други бунтовнички групи се зголемиле за 40 проценти во 2008-ма, но бројот на убиени од коалиционите сили опаднал за 28 проценти.

Според ОН, во 2009-та биле убиени 2 412 цивили, а две третини од нив од страна на милитантите кои се против владата. Повеќето од убиените загинале при самоубиствени бомбашки напади, подметнати бомби од домашно производство и убиства во стилот на егзекуции. 60 проценти од загинатите од коалиционите сили се од воздушни напади.

Цивилните жртви се чувствителна тема во Авганистан. Политичките лидери бараат ставање крај на воздушните и ноќните напади од странските сили. Американските команданти возвратија со нагло намалување на бројот воздушни напади и ставање на заштитата на цивилното население како највисок приоритет. Но, официјални лица велат дека милитантите на Талебан честопати користат цивили како човечки штит.

XS
SM
MD
LG