Линкови за пристапност

Њујоршки таксист вратил загубени 21 илјада долари


Њујоршки таксист рече дека вратил загубена женска чанта во која имало повеќе од 21.000 долари во готово и накит затоа што мајка му секогаш го советувала да биде чесен.

Италијанката што била во туристичка посета на Њујорк ја заборавила чантата во такси возилото на Мохамед Асидиџаман. Полицијата ја предупредила дека има мали шанси да и бидат вратени парите.

Но, Асидиџаман, родум од Бангладеш, ја пронашол адресата и лично ја вратил чантата. Тој кажал дека како посветен Муслиман, не може да прими награда. „Подобро од награда е да си чесен“, кажал тој.

XS
SM
MD
LG