Линкови за пристапност

Русија очекува продолжување на преговорите за разоружување со САД


Шефот на руската дипломатија изјави дека Москва очекува да продолжат преговорите со Вашингтон подоцна месецов по новиот стратешки договор за контрола на вооружувањето.

Сергеј Лавров вели дека експертите во моментов разгледуваат нацрт-верзијата со цел да ги елимираат разликите во рускиот и англискиот текст.

Американски и руски преговарачи се обидуваат со месеци да постигнат договор за замена на Стратешкиот договор за намалување на оружјето 1991-ва, СТАРТ, чие важење истече минатиот месец.

Рускиот премиер Владимир Путин минатиот месец рече дека главна пречка за новиот договор е планот на Вашингтон да инсталира нов одбранбен систем во Европа. Тој рече дека новиот притивракетен штит на САД ќе го поремети балансот на моќта и рече дека Москва ќе развие офанзивно оружје да ја задржи таа рамнотежа на моќта.
САД сметаат дека одбранбениот притивракетен систем и прашањата со офанзивното оружје се две различни теми и за нив треба да се преговара одделно.

XS
SM
MD
LG