Американската централна банка на федералната влада ќе и` го префрли профитот од 46,1 милијарди долари од заработувачката направена преку вонредните инвестициски средсва дадени за спас на домашната економија.
Американските федерални резерви објавија прелиминарен извештај во кој наведуваат дека профитот во најголема мерка е поради заработувачката од инвестициите во долгорочни обврзници и други хартии од вредност врзани со станбените кредити. Банките исто така заработиле од давање заеми на банки и други фирми.
Откако ги исплатиле оперативните трошоци, Федералните резерви сиот профит го префрлаат во американската државна благајна. Во 2007-ма беа вратени 34, 6 милијарди долари.
Големите профити на банките следат по досега невидената сума на пари што беше издвоена за итните инвестиции.
На крајот од 2009-та, Централната банка имаше повеќе 1,5 трилиони во владин долг и инвестиции врзани со станбените кредити.