Висок советник на поранешниот британски премиер Тони Блер вели дека неговиот шеф бил определен за мирољубив пристап во справувањето со починатиот ирачки лидер Садам Хусеин, се` до непосредниот почеток на ирачката војна во 2003-та.
Советникот на Блер, Аластер Кембел зборуваше во Лондон на јавниот распит за ревидирање на одлуките на Британија пред инвазијата врз Ирак во 2003-та, што беше предводена од САД.
Кембел рече дека никогаш немало брзање за влегување во војна од страна на владата на Блер и покрај блиските врски на поранешниот премиер со тогашниот американски претседател Џорџ Буш.
Тој рече дека Блер бил задоволен со разузнавачките информации спроти почетокот на војната кои спокажувале дека Ирак поседува оружје за масовно уништување. Такво оружје никогаш не беше пронајдено.
Блер се соочува со прашања од петчлено тело во следните недели.